Пожар на Водно

Пожар на Водно, фото: МИА
Пожар на Водно, фото: МИА

Избувна пожар на Водно кај Теферич. Екипите на дежурната противпожарна служба се веќе на терен, јавува МИА.

Информацијата е потврдена и од страна на командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски.

– Има голем пожар на Водно, над кафеаната „Теферич“, рече Менковски.

Гори во Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево

До 16:30 часот попладнево биле регистрирани пожари во Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во 16. 30 часот се уште беше активен пожарот во општина Студеничани, кај селата Елово и Осинчани, каде гори мешана шума. За гасење на пожарот ангажирани се припадници на Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Скопје.

Гори во Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево
Гори во Студеничани, Зелениково, Македонски Брод и Кичево

Кај село Дејковец, општина Зелениково пожарот е се уште активен. Од последните информации од Подрачното одделение, имаме сознание дека противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување повторно се насочени за гасење на овој пожар, а во моментов на лице место се и вработените од Подрачното одделение, велат од ДЗС.

Утрово околу 9. 45 часот избувнал пожар во атарот на село Крапа, во Македонски Брод, каде гори нискостеблеста шума и смрека. На терен се ангажирани две лица од Дирекцијата за заштита и спасување, три лица од ТППЕ и девет лица Шумско стопанство. Опожарена е површина од 15 хектари.

Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Свети Николе

Во општина Свети Николе, кај село Гурганци на патот кон Куманово во 14:00 часот избувнал пожар каде е опожарена ниска трева со опасност да зафати и борова шума. На терен се ангажирани противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, како и вработените од подрачното одделение за заштита и спасување.

Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Свети Николе
Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Свети Николе

Поради пожар, пожар кај местото Мездра, помеѓу селата Ѓуѓанци и Павлешинци, сообраќајот на патниот правец Куманово-Свети Николе беше во прекин од 15:30 часот. Огнената стихија зафати борова шума и стрниште во близина на патот.

Сообраќајот на овој патен правец, како што информираа од АМСМ, е нормализиран попладнево во 17:00 часот.

Во кичевската населба Горица појавен е пожар во 11:30 часот на стрниште. Пожарот е се уште активен и на негово гасење се ангажирани ТППЕ со  едно возило и двајца пожарникари, информират од Дирекцијата за заштита и спасување.