Повторно пожар во близина на Чернобил

Повторно пожар во близина на Чернобил

Пожар избувна во близина на напуштената украинска нуклеарка во Чернобил и зафати површина од околу 130 хектари, јави Укринформ, пренесува МИА.

Во совладувањето на пожарот вклучени се 117 пожарникари и 24 пожарникарски возила.

Според првични информации, пожарот бил предизвикан од неконтролирано палење сува трева.