Пожар уништи куќа во Кисела Вода

Две соби од куќа во Кисела Вода се опожарени во пожар што избувна вчера попладне во домот на 42-годишниот скопјанецот Љ.А. на улицата Димо Хаџи Димов.

Според информациите од полицијата во опожарените простории сосема е оштетена покуќнината. Причините за пожарот засега не се познати.