Пожар во бегалски камп во Дизелдорф

Пожар во бегалски камп во Дизелдорф
Пожар во бегалски камп во Дизелдорф
Силен пожар го зафатил просторот на градскиот саем во  Дизелдорф кој што се користи како сместувалиште за бегалци од повеќе блискоисточни и северноафрикански земји, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Засега нема информации за причините за огнот кој брзо го зафатил целиот објект.

Минатата година во Германија се случија десетици инциденти во кои противници на политиката на отворени врати кон бегалците подметнуваа пожар во бегалски кампови. Германските судови досега расчистиле само околу 5 проценти од сите инциденти во кои биле нападнати бегалци.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.