Пожар во бегалски камп во Солун

Пожар изби во прифатниот бегалски центар во Дијавата, во близина на Солун.

Огнените јазици пеплосаа над 20 шатори, а за среќа нема жртви, ниту повредени бегалци во центарот.

Пет противпожарни возила подолго време го гасеа огнот, поради што бегалскиот центар беше обвиен во црн чад предизвикувајќи голема вознемиреност кај бегалците.

Бегалците и пожарникарите стравуваа пожарот да не се прошири и на другите шатори поради силните ветрови кои  дуваа во Солун.

Пожарот е изгаснат, а четворица бегалци добија медицинска помош поради респираторни проблеми предизвикани од чадот.

Во бегалскиот центар Дијавата се сместени 2.300 бегалци.