Пожар во близина на Света Гора во Грција

Пожар го зафати шумскиот реон близу гратчето Унануполис на полуостровот Халкидики, што се наоѓа на патот кој води до Света Гора, јави интернет порталот на грчкиот весник „Катимерини”, пренесува МИА.

Огнот бесне зад блискиот хотел „Аристотел”, но засега нема опасност да биде зафатен.

Во операцијата за гаснењето на пожарот учествуваат 17 противпожарни возила, 34 пожарникари, 22 војници, два авиона „Канадер” и два хеликоптера.