Пожар во Чаир, целосно изгоре стан

Денеска околку пладне избувна голем пожар во населбата Чаир, во кој целосно изгоре стан.

 

Причините не се познати, но според сведоштвото на жената која сама била дома најверојано се случила мала експлозија на дел од инсталацијата во една од собите.

 

Таа со помош на соседите успеала да излезе пред зградата, а во тоа време бол повикан и нејзниот сопруг кој се наоѓал во близина.

 

Во гаснењето на пожарот учествуваа три против пожарни возила.

 

На самото место пристигнала и екипа на итната медицинска помош која освен само констатирала вознемиреност кај сопружниците чиј стан изгоре.