Пожар во фабрика за паркет и брикет

Во средата во 16.00 часот во полициската станица Виница било пријавено пожар во фабрика за паркет и брикет „Бор-вуд“ лоцирана во населба Градец сопственост на Б.М. (32).

Во пожарот, како што информира МВР, опожарени се таванскиот простор, дрвената кровна конструкција, две машини за обработка на паркет, една машина за пакување на паркет, една машина за калибрирање на паркет како и поголема количина готов паркет  и елементи за фриза.

Пожарот бил локализиран. Причините за настанување на пожарот, како и висината на материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.