Пожар во хала за доработка на конфекциски производи во Штип

Вчера околу 06,30 часот во Штип во објект на „В.И.Т.“ ДООЕЛ сопственост на В.Ф.(22) од Штип, во хала за доработка на конфекциски производи од засега непознати причини избувнал пожар.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, а од причина што се работи за поголема материјална штета, увидот ќе се врши во понеделник.