Пожар во хотел во Прага во кој се сместени македонски средношколци?!

Вчеравечер околу седумдесет гости биле евакуирани од „Топ хотелот“ во Прага во кој избил пожар. Во хотелот имало и средношколци од повеќе училишта во Македонија, пишува „Република“.

Според порталот „Република“, кој се повикува на информации добиени од читатели, пожарот избувнал околу еден часот по полноќ, на петтиот кат од хотелот.  Седумдесет гости биле евакуирани, меѓу кои и средношколците од Македонија, кои во моментот само што се вратиле од дискотека. Меѓу нив завладеала паника, а ноќта ја поминале под отворено небо.

Директорот на средното училиште „Ѓорги Димитров“ од Скопје потврдил дека неговото училиште има деца на екскурзија во Прага, но кажал оти немал информации дека во хотелот во кој се сместени имало пожар.