Пожар во караоке бар: Најмалку 18 загинати

Најмалку 18 лица загинаа, а петмина се повредени во пожар подметнат во караоке бар во јужна Кина, соопшти локалната полиција додавајќи дека е уапсен еден осомничен.

Лиу Чунлу (32), кој е осомничен за подметнување на пожарот, е уапсен брзо откако властите понудиле награда од 32.000 долари за информација каде се наоѓа.

Полицијата на градот Чингјуан соопшти дека и осомничениот се здобил со изгореници, но не го соопшти мотивот за подметнување на пожарот.

Кинеската телевизија јави дека Лиу го предизвикал пожарот после караница во караоке барот кој се наоѓал во трикатна зграда. Осомничениот со мотор го блокирал единствениот излез од барот и потоа го запалил.

Пожарот бил изгаснат после половина час, а повредените биле хоспитализирани.