Пожар во куќа во делчевското село Илиово

илиово

МВР соопшти дека во 20:30 часот синоќа во ПС-Делчево, Г.Б. (64)  од с.Илиово, делчевско, пријавил дека избувнал пожар во неговата семејна куќа, при што била зафатена една соба во која престојувале и изгорела покуќнината и дел од таванската конструкција. Известена била ТППЕ-Делчево, кои поради непристапниот терен и временските неприлики (големите наноси од снег), не можеле да излезат на местото на настанот. Пожарот за кратко време бил локализиран од страна на пријавителот, неговиот татко и Ј.Р. од с.Илиово. Пожарот настанал најверојатно поради палење на саѓите во оџакот, меѓутоа точните причини ќе бидат утврдени по извршениот увид на самото место, се наведува во соопштението од МВР.