вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Пожар во куќа во Матејче, почина маж

Од полицијата информираат дека вчера во 19.30 часот во куќата на Ш.М (75) од засега непознати причини избувнал пожар во кој биле зафатени две соби.

пожар

Последни вести

Жител на село Матејче починал вчера откако се задушил од чад по пожар кој избувнал во неговата куќа, соопшти денеска МВР.

Од полицијата информираат дека вчера во 19.30 часот во куќата на Ш.М (75) од засега непознати причини избувнал пожар во кој биле зафатени две соби.

Телото на починатиот било пронајдено во бањата. Лекар од медицинска помош констатирал смрт предизвикана од вдишување чад. СВР Куманово извршила увид. Материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Од територијалната Противпожарна единица информираат дека кај нив пожарот бил пријавен во 19.45, по што се упатиле противпожарни екипи кои го локализирале во 21.45 часот.

Најчитани вести