Пожар во Куманово: Гори старата зграда на општината

Пожар избувна вечерва околу 18 часот во старата зграда на општината Куманово, јавува Куманово Њуз.

Како што пишува порталот пожарот избувнал во кујната на еден од рестораните што се наоѓа на приземјето на објектот, по што се запалил оџакот и го зафатил кровот на зградата.

Откако се запали зградата на општина Куманово, поточно изгоре делот на финансискиот центар на општината, на социјалните мрежи се појавија коментари во врска со настанатиот пожар.

Еден од коментарите на Фејсбук е следен:

-Гори зградата на Општина Куманово. Запален е делот каде што им е финанскискиот центар. Баш тамо ли бе ? ццццц И тоа сега, пред избори. Значи не се запалила чуварницата туку финансискиот центар. Изгореа доказите за доброто финансиско работење на Општината.

Според првичните информации на екипите од терен, едно лице е повредено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.