Пожар во магацин на винарска визба

Во текот на вчерашниот ден во неготинската полиција било пријавено дека во петокот околу 14,00 часот во деловните објекти со магацински простор на „Сковин“– винарска визба Скопје, настанал пожар.

Пожар во магацин на винарска визба
Пожар во магацин на винарска визба

Просториите се лоцирани на локалниот пат кон село Курија на местото викано Лопово, а во пожарот биле опожарени и изгорени земјоделски машини, дел од кровната конструкција на објектот и друго.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување.