Македонија,Крими хроника

Пожар во македонска црква во Австралија

Пожар во македонска црква во Австралија

Пожар избувнал денеска околу 12:30 часот, по австралиско време, во црквата „Свети Никола“ во Мелбурн.

За среќа, повредени нема, но причинета е голема материјална штета.

Единствено свештеникот Никодим Солунчев, кој во моментот на пожарот бил на првиот кат, барајќи спас од огнената стихија, скокнал од 3,5 метри во рацете на неколку полицајци кои му помогнале да остане неповреден.

Македонскиот портал во Австралија „Falanga.com.au“ и австралискиот весник „The age“ пишуваат дека полициска патрола прва го забележала пожарот и повикала помош.

Се претпоставува дека причина за пожарот е неисправна електрична инсталација.

Пожарот е изгаснат и според проценките причинета е материјална штета од над 100 илјади долари.