Пожар во Москва, 80 луѓе евакуирани

цистерна

Три лица се повредени, а околу 80 евакуирани поради пожар којшто избил во зграда на југозападот на Москва, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

Според потврдени податоци, 77 станари меѓу кои 17 деца се евакуирани. Сите се прегледани од медицински тимови, меѓутоа некои од нив се повредени, а деветмина се префрлени во болница, вели извор од ова Министерство, пренесува Тасс.

Пожарот избил околу полноќ во подрумот од зградата којашто има 40 ката, а најверојатно причина е дефект на електричната инсталација.