Пожар во неготинско, гори трева и лозови насади

Пожар избувнал попладнево околу 16 часот близу неготинското село Курија. Командирот на територијалната противпожарна единица од Неготино, Иле Илиев информира дека  се обидуваат да го локализираат пожарот кој има зафатено околу 30 хектари трева, како и лозови насади.

Како што посочи тој огнот се движи кон Гоцева шума и се прават напори да не се дозволи да биде зафатена шумата и да не дојде до поголеми последици.

Во гаснењето учествуваат три возила и седум пожарникари, а на помош е и едно возило и неколку вработени од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија. Најавена е и дополнителна помош.