Пожар во офицерски дом во Битола

Во петокот вечерат пожар го зафати Офицерскиот дом во Битола, еден од најубавите архитектонски зданија на Широк Сокак.

Пожарот се случил откако бездомник влегол во објектот и запалил оган да се загрее, по некое време огнот се проширил и предизвикал пожар. Реагирала противпожарна единица, по што пожарот бил изгаснат.

Овој немил настан за малку ќе го оштетеше овој објект симбол на Битола низ времето.

Според информации од терен, се дознава дека објектот подолг период е без обезбедување, запуштен и оставен без адекватна заштита и грижа.

Објектот е оставен на забот на времето, а власта не презема ништо за негова заштита и ставање во функција.

Офицерскиот дом според плановите на новата локална власт требаше да се обнови и пушти во употреба како објект за одржување на културни настани.