Пожар во пунктот на ЕВН во Дебар

Попладнето во понеделникот околу 17 часот во наплатниот пункт на ЕВН во Дебар, кој се наоѓа на централната улица „Братство единство“, избувнал пожар во кој според првичните процени е предизвикана поголема матријална штета.

Според очевидци, пожарот избувнал во внатрешноста на објектот, а набрзо бил локализиран по интервенција на Противпожарната единица.

Полицијата и судските органи извршија истражни активности на местото на настанот.

Инаку, станува збор за пожар на новиот објект на наплатниот пункт на ЕВН , каде што се наплатуваат сметките на потрошена електрична енергија на жителите од општините Дебар и Центар Жупа.