Пожар во рудник за јаглен во Сибир, 100 рудари заглавени

Околу 75 рудари се заробени под земја во рудник што гори во Русија, додека други 25 се успешно евакуирани, јавува „Раша Тудеј“, повикувајќи се на РИА новости.

Пожарот избувнал поради електричен дефект на кутија со осигурувачи што се наоѓа 100 метри под земја.

Четворица од спасените рудари се пренесени во болница со повреди и поради труење од вдишан чад.

Рудникот Зареченскаја е сместен во областа Кемерово во Западен Сибир.