Пожар во ТЦ „Антико“

Црн чад излегува од подрумите на ТЦ „Антико“ во скопската населба Карпош 4, а пожарникарите се на терен.

Од Противпожарната бригада велат дека четири нивни возила се на местото на настанот, но дека за сега немаат информации за големината на пожарот, како и за тоа што гори. Поконкретни информации најавија за подоцна.

Од фотографиите се гледа дека од подземните простории на трговскиот центар излегува густ црн чад.

Освен автомобили, во гаражниот дел на објектот има и продавници и магацински простор.