Пожар во трафостаница, повредено 14-годишно момче

Четиринаесетгодишно момче е повредено во пожар што вчера избил во трафостаница во Прилеп.

Како што информираат од МВР, вчера околу 19,00 часот во прилепската населба Жабино Маало-Прилеп, на ул.„Ленин“, додека група од околу 3-4 деца поминувале покрај трафостаница на која вратата на просторот кај високонапонските осигурувачи била отворена.

Од зесега непознати причини избувнал пожар, при што едно од децата на возраст од 14 години од Прилеп, паднало во трафостаницата.

Од страна на останатите деца, бил изваден, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на грбот, рацете и десната нога.

Од екипа на ТППЕ-Прилеп пожарот е изгаснат.