Македонија

Пожар во воз на пругата Штип – Свети Николе, патниците евакуирани

Пожар во воз на пругата Штип – Свети Николе, патниците евакуирани

Опожарена е локомотива на возот што сообраќал на железничката пруга Штип – Свети Николе во близина на фабриката на месната индустрија МИК Свети Николе.

Според првичните информаци од Противпожарната единица од Свети Николе, патниците се евакуирани, а пожарот е локализиран. Изгорени се три тони нафта кои биле во цистерната на локомотивата.

Пожарникарите успеале да спречат да експлодира локомотивата.

Моментно пет пожарникари од светиниколската пожарникарска единица се на терен со две возила.

Пожарот избувнал околу 17:45 часот, а МЖ ги презела патниците.