Свет

Пожар во зграда со работници во Германија, 12 повредени

Пожар во зграда со работници во Германија, 12 повредени

Дванаесет лица се повредени во пожар кој избувнал во зграда во која престојувале работници во Германија.

Работниците во најголем дел биле од Бугарија и Полска.

Полицијата соопшти дека петмина од настраданите во овој пожар во градот Гуденсберг, во провинцијата Хесен, се потешко повредени.

Засега не е позната причината за пожарот, што довел до делумно уривање на полудрвената зграда.