сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 7

Пожар во зграда во Прилеп – Станарите евакуирани преку балкони

Од се уште неутврдени причини голем оган избил во влезот на зградата на улица „Браќа Ламески“ во Прилеп и почнал да се шири нагоре, пренесува Канал 5. Станарите во зградата биле евакуирани преку балконите и од покривот.

pozar2

Поврзани вести

Брзата интервенција на пожарникарите не дозволила да дојде до катастрофа, бидејќи постоела опасност голем број од станарите да се задушат, зашто немало можност да се извлечат преку влезот, што горел.

Станарите во паника почнале да се качуваат на горните катови или на покривот, од каде што пожарникарите ги евакуирале со скали.

Интервенцијата за гаснење била пролонгирана зашто во зградата се уште имало струја, па морало да се почекаат единиците на ЕВН да ја исклучат електричната енергија.

На самото место биле ангажирани три противпожарни возила, како и три возила на итната медицинска помош кои им помагале на евакуираните и им правеле превентивни лекарски прегледи поради вдишаниот чад.

Нема повредени во пожарот, а се утврдуваат причините за неговото избивање.

Првичните претпоставки се дека станува збор за неисправна електрична инсталација.

Најчитани вести