Македонија

ВИДЕО: Пожарот на Водно е ставен под контрола

ВИДЕО: Пожарот на Водно е ставен под контрола
Пожар на Водно, фото: МИА

Пожарот на Водно е ставен под контрола. Пожарот избувна кај Теферич попладнево, а во моментов е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување, јавува МИА.

Командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски, изјави дека се интервенираше веднаш, со 13 цистерни, а дежурни екипи ќе останат на терен цела ноќ.

Пожарот зафати голема површина, но се уште не можеме да прецизираме колку точно, рече Менковски.

Во околината на Теферич имаше пожар и на 21-ви јули годинава. Тогаш  беа зафатени сува трева и грмушки на околу 3.000 метри квадратни.

Инаку во меѓувреме на социјалните се појави видео од пожарот на Водно. Погледнете го!

Gori TEFERIČ

Posted by Berat Sinani on Wednesday, September 2, 2015