Пожари во летниот период, Штабот за спасување и заштита подготвен

И оваа година штабот за заштита и спасување на Град Скопје е целосно подготвен да одговори на предизвиците и зголемената опасност од појава на пожари во летниот период.

Штабот за заштита и спасување на Градот Скопје за справување со пожари во урбана средина и на отворен простор, располага со следнава механизација: цистерни – 65 возила, над 20 товарни возила, 8 скипови, 11 бобкет возила, 1 голем багер и друга опрема за гасење пожари во урбана средина и на отворен простор. Исто така, располага и со повеќе лесни теренски возила.

Човечкиот потенцијал со кој располага Штабот за заштита и спасување на Град Скопје изнесува околу 500 луѓе.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје го сочинуваат: ЈП „Водовод и канализација”, ЈП „Паркови и зеленило”, ЈП „Улици и патишта”, ЈП „Комунална хигиена”, „ЈСП – Скопје”, ЈП „Градски паркинг” и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Во изминатата недела 74 интервенции на пожарникарите

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во текот на минатата недела имаше 74 интервенции. Како што соопштуваат од Град Скопје 60 од нив биле на отворен простор, 3 на објекти, 3 на автомобили, 3 технички интервенции и 5 други интервенции.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје будно ја следи состојбата на подрачјето на Град Скопје и ако има потреба ги активира сите неопходни единици за справување со состојбите, а воедно ги повикува граѓаните со своето учество да придонесат за намалување на пожарите, односно да се придржуваат до мерките за превенција од пожари, но и доколку забележат  евентуални пожари веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 195.

Поради високите температури што ја зафатија земјата постои зголемен ризик и опасност од појава на пожари во летниот период. Затоа потребно е граѓаните да се придружуваат до мерките за превенција од пожари или доколку забележат евентуални пожари веднаш да ги пријават истите.

 

Препораки за заштита од пожари на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.