Пожари во јужна Франција уништија илјада хектари вегетација

Повеќе од илјада хектари вегетација се уништени во пожарите, кои вчера избија во јужна Франција.

Пожарникарите во Франција успеаја да го стават огнот под контрола.

Француските власти соопштија дека сите пожари денеска се под контрола, но противпожарните служби се во состојба на готовност поради силниот ветер и исклучително топлото време.

Повеќе пожари избија во понеделникот на подрачјето на Марсеј и околината поради што мораше да интервенираат повеќе од илјада пожарникари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.