Свет

Пожарите во Португалија однесоа четири жртви (ВИДЕО)

Пожарите во Португалија однесоа четири жртви  (ВИДЕО)
Најмалку четири лица загинаа во шумските пожари што веќе две недели беснеат во Португалија, јави телевизискиот канал „24 часа”.

Еден од најголемите пожари се случил во градот Фуншал на островот Мадеира, при што загинале три лица, а приближно 300 се повредени. Илјадници луѓе се евакуирани.

port

portugalijaa

Порталот „Ворлд нау“ пак, пренесува дека четвртата жртва е шумар, кого го зафатиле пожарите лоцирани 150 километри северно од Лисабон.

Над 4.500 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарите на разни места во Португалија. Властите побараа помош и од Европската Унија.