Балкан

Пожарот на Тасос под делумна контрола

Пожарот на Тасос под делумна контрола

Пожарот што од саботата беснее на грчкиот остров Тасос денеска е ставен под делумна контрола, информираа локалните власти.

Пожарникари, волонтери и локални жители во текот на изминатата ноќ се обидуваа да го локализираат пожарот и да го спречат да се прошири кон населените места Рахони, Принос и Марион.

Противпожарни авиони денеска се уште го гасат пожарот, и според последните проценки, сите фронтови се под контрола.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе замине за Тасос, заедно со делегација министри, при што ќе ги посети областите погодени од пожарот и ќе се сретне со локалните власти.

Пожарот досега целосно уништи стотици хектари маслинови дрвја, стотици сандаци со пчели, како и шумски области чија големина допрва ќе се утврдува, со што се создаде страв од зимски поплави во крајбрежните области. Некои куќи кои биле на работ на планинските села се запалени, но селата претходно беа евакуирани, така што нема жртви или повредени.