четврток, 17 август 2017  |  Вести денес: 47

Пожарот во Кондово ставен под контрола

Екипите на Противпожарната бригада на Скопје ќе интервенираат на терен до целосното гаснење на пожарот.

pozar-kondovo1

Последни вести

Пожарот кој вчеравечер го зафати просторот во близина на селото Кондово во Општина Сарај е ставен под контрола. Куќите во село Кондово се надвор од опасност да бидат зафатени од огнот, информираат од Градот Скопје.

Екипите на Противпожарната бригада на Скопје ќе интервенираат на терен до целосното гаснење на пожарот.

Како што соопштија од Град Скопје, во текот на ноќта на терен биле излезени повеќе од 40 пожарникари и возила од Противпожарната бригада на Скопје, како и голем број  луѓе и механизација од јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Околу селото веднаш е направен заштитен појас за да се спречи ширењето на огнот. 

Најчитани вести