недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 9

Пожарот во ноќниот клуб во Букурешт однесе 43 жртви

Тројцата сопственици на дискотеката беа обвинети за убиство од небрежност и од вторникот се наоѓаат во притвор. Градоначалникот на реонот во кој се наоѓа клубот, исто така, вечера беше уапсен.

Пожарот во ноќниот клуб во Букурешт однесе 43 жртви

Пожарот во ноќниот клуб во Букурешт однесе 43 жртви

Поврзани вести

Утринава починаа уште две од лицата кои минатата недела  настрадаа во пожарот во ноќниот клуб во Романија, со што бројот на жртвите во трагедијата достигна 43 лица, пренесе ТАСС.

Министерството за здравство информира дека во моментов во различни болници се наоѓаат 103 настрадани во пожарот, а состојбата на 44 од нив е критична.

Романските медицински служби побараа помош од своите колеги во странство и неколкумина од настраданите веднаш беа испратени на лекување во Холандија и Австрија.

Пожарот избувна на 30 октомври во центарот на романската престолнина за време на пиротехничко шоу во ноќниот клуб „Колектив“. Првите елементи од истрагата покажаа мноштво пропусти во безбедносните правила.

bukurest

Тројцата сопственици на дискотеката беа обвинети за убиство од небрежност и од вторникот се наоѓаат во притвор. Градоначалникот на реонот во кој се наоѓа клубот, исто така, вечера беше уапсен.

Трагедијата предизвика невидени протести во Романија против политичката елита, која се доживува како корумпирана и се смета за одговорна за пожарот. Под притисок на овие протести премиерот Виктор Понта во средата поднесе оставка.

Синоќа околу 3.000 Романци повторно излегоа на улиците на Букурешт до барањето за длабоки промени во романското општество.

Најчитани вести