Пожар избил во авионот на делегацијата на БиХ

Патнички авион на “Аустријан ерлајнс”, кој синоќа полета од Вашингтон, 15 минути подоцна се врати на аеродромот.

Како што пренесува TV N1, авионот се вратил поради пожар.

Во авионот биле политичарите од Босна и Херцеговина кои се враќале од средбата со претставниците на ММФ во Вашингтон: министерот за надворешни работи, Игор Чрнадак, премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, гувернерот на Централната банка, Кемал Козариќ и други функционери.

Високата делегација на Босна и Херцеговина така останала во Вашингтон и се наоѓа во хотел во близина на аеродромот. Претставниците на Босна и Херцеговина утринава требале да бидат во Луксембург на неформален бизнис појадок “Пријатели на Босна и Херцеговина”, инициран од страна на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Весна Пусиќ.

На состанокот во Луксембург ќе присуствуваат и високиот претставник на ЕУ Федерико Могерини, комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан и министрите за надворешни работи на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.