Пожар на Аљаска – евакуирание луѓе од 1000 објекти!

Заради пожарот кој избил во јужните делови на Аљаска , властитите евакуирале луѓе од околу 1000 згради, соопштија денес официјалните претставници, пренесоа медиумите.

Во пожарот во Фани Ривер, спалени се околу 650 квадратни километри шуми, поголемиот дел во оквирот околу резерватот Кенаи, на југот на Аљаска, изјавил портпаролот на америсканската служба за заштита на шумите Вили Бегај.

Пожарот во Аљаска не се смирува веќе седум дена, а бројот на загрозени лица засега не е познат, пренесоа агенциите.

Во гасењето на пожарот учествувале околу 600 пожарникари. Засега нема податоци дали има повредени, а не е познати ни дали има оштетени објекти.