Пожар на Централниот терен на Вимблдон

Алармот за пожар се активира синоќа на Централниот терен на Вимблдон, веднаш по завршувањето на мечот меѓу Серена Вилијамс и Тимеа Бабош, по што организаторите одлучија да ги испразнат трибините.

Противпожарната служба брзо реагираше и го изгасна пожарот кој настана поради дефект на електричната инсталација.

“Ол Ингланд клуб” нема никаква материјална штета и се очекува денеска на овој терен да продолжат предвидените мечеви.