Пожар во Атика

Пожар во Атика
Пожар во Атика

Претпладнево избувнa пожар во Атика, поточно во западниот дел во областа на Магула.

Се верува дека пожарот наскоро ќе биде ставен под контрола, соопшти противпожарната служба.

Во меѓувреме, грчките пожарникари се борат со уште една огнена стихија што избувна денеска, и тоа во општината Андрицаина-Крестенон на Пелопонез.

Денеска исто така почна да гори и пожар на мал остров во близина на Родос.

Имено, Атика постојано е жртва на огнените стихии.