Пожар во автомобил во Штип

Синоќа гореше автомобил во Штип.

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска во 01:40 по полноќ во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Дузлачки Рид“ настанал пожар на патничко возило „пежо 206“.

Возилото е во сопственост на 64-годишниот Л.Д.(64) од Штип.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.