Пожар во британската амбасада во Хаг

Голем пожар избил утрово околу 7 часот, во зградата на британската амбасада во Хаг, извести германската телевизија РТЛ. Според првичните информации има и повредени, а едно лице е уапсено.

Холандската полиција веќе го затворила квартот, а десетина пожарникарски возила и повеќе од 50 пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот во зградата на дипломатската мисија.

Причинте за пожарот се’ уште се истражуваат.