Пожар во домот „25-ти Мај“ во Бутел

Попладнево избил пожар во неколку соби од домот за деца со воспитно социјални проблеми „25-ти Мај“, кој што се наоѓа во скопската населба Бутел.

Пожарот избил на третиот кат од домот, а според првичните информации нема повредени лица.