Пожар во домот на Милчо Манчевски

Пожар избувнал рано утрово во домот на режисерот Милчо Манчевски, но за среќа со брза интервеницја на противпожарната бригада огнот бил изгаснат без поголеми штети.

Информативниот портал Курир, јавува дека на поќарот интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари.
Според информациите пожарот избувнал во подрумските простории на куќата најверојатно од електричен кабел кој бил поставен за осветлување.

Манчевски бил во куќата, но за среќа во пожарот никој не бил повреден.