Пожар во фабрика за чевли во Кина, 16 мртви

Трагедија во Кина, 16 лица го загубија животот во пожар кој избувнал во фабрика за чевли  во кинескиот град Венлинг, во провинцијата Џеџанг.

Според локалните медиуми, пожарот избувнал утринава, а на пожарникарите им требале три часа да ја локализираат огнената стихија.

Во извештаите на медиумите се истакнува дека во фабриката за чевли имало големи количини на лепак и други запалливи хемикалии кои го отежнале гасењето на пожарот.

Во Кина ваквите несреќи се многу чести, а во последната таква голема несреќа, во јуни минатата година, кога изгоре фабрика за пилешки производи загинаа 121 лице.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.