Македонија

Пожар во фабриката „Копер“ во Криволак, нема повредени

Пожар во фабриката „Копер“ во Криволак, нема повредени

Пожар во фабриката „Копер” во неготинското село Криволак бил пријавен синоќа во 21 часот, соопшти денеска  портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Пожарот е локализиран од страна на територијалната противпожарна еиница од Неготино и вработени од фабриката во 22,30 часот.

– Пожарот е настанат во магацинскиот простор за готов производ при што изгорени се поголем број дрвени палети и кровната конструкција од халата, како и разни предмети внатре во халата, изјави Стојковска.

Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.

– Во текот на денешниов ден ќе се превземат мерки за утврдување на причините и целосно расветлување на настанот, рече Стојковска.