Пожар во германски весник што објави карикатури на „Шарли Ебдо“

Рано изутринава беше подметнат пожар во редакцијата на германскиот весник „Хамбургер Моргенпост“, кој ги објави карикатурите за пророкот Мухамед на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“.

Претставник на германската полиција соопшти дека при нападот врз хамбушкиот весник нема жртви.

– Преку прозорецот на редакцијата на весникот „Хамбургер Моргенпост“ биле фрлени камења и молотов коктел, кој го предизвикал пожарот, дополни полицискиот претставник.

Тој нагласи дека во пожарот биле опожарени две простории на редакцијата на весникот, но дека огнот набрзо бил изгаснат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.