Пожар во хотелот „Црeшово топче“ во Пробиштип

Пожар избувнал во хотелот „Црешово топче“ во центарот на Пробиштип, за среќа нема повредени.

Според првичните информации од штипската полиција, пожарот избувнач во два часот по полноќ, а нема повредени.

Огнената стихија почнала да се шири од кујната и зафатила дел од првиот кат  и кровната конструкција на хотелот.

Во гаснењето на пожарот, освен пожарникарите од Пробиштип, учествува и штипската противпожарна единица.

Од полиција велат дека пожарникарите сè уште се во хотелот  каде го догаснуваат пожарот. Полицискиот увид е во тек.

Повеќе детатли околу пожарот и причинитза несреќата надлежните најавуваат во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.