Пожар во источна Атика

Голем пожар денеска избувна во близина на Стамата, во источниот дел на Атика, јави дописникот на МИА од Атина.

Во гаснењето на огнената стихија учествуваат 55 пожарникари со 19 противпожарни возила, два хеликоптери и двата канадери.

Во областа дува силен ветар, што го отежнува гаснењето.