Пожар во кафуле во „Рамстор“

Пожар избувал утрово во кафуле во трговскиот центар „Рамстор“ во центарот на Скопје.

За среќа, пожарот кратко по избувнувањето е ставен под контрола и целосно изгаснат од скопската противпожарна бригада.

Пожарот избувнал во кафуле на вториот кат од трговскиот центар. На гасење на пожарот интервенирале две противпожарни возила.

Командантот Благоја Менковски вели дека по повикот веднаш реагирале и пожарот е локализиран, на терен е оставен тим поради претпазливост.

Поради пожарот вториот кат од „Рамстор“ е затворен и обезбедувањето не дозволува пристап до тој дел од трговскиот центар.

Причините за пожарот за сега не се познати. Повеќе информации се очекуваат подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.