Пожар во Кичево, изгоре маж

Во пожарот кој утринава избувна во куќа во населба Иванидол во Кичево, покрај големата материјална штета на објектот, изгоре и еден маж, кој во тоа време се наоѓал во сопствената куќа каде што живеел сам, пишува Нова Македонија.

Од ППБ Кичево интервенирале со две противпожарни возила, пожарот е целосно изгаснат, но од огнената стихија неможел да се спаси и човекот кој изгорел во куќата.

Според првичната проценка, материјалната штета од пожарот изнесува околу 900.000 денари, објави весникот.

На самото место излегле увидни екипи од МВР и од ОС Кичево, кои по дополнителната истрага ќе утврдат кои се причините за пожарот и за смртта на мажот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.