Пожар во куќа во Велес, спасени четири деца

Пожар избувна вчера претпладне во куќа на улица „Пеце Димов“ број 62 во населбата Керамидна во новиот дел на Велес, при што целосно изгореа покривот, дел од катот и покуќнината.

Пожарникарите успеаја навреме да ги извлечат четирите деца кои во тоа време спиеле, велат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес. Мајката на децата спиела во соседната соба. Пожарникарите по јавувањето за пожарот од страна на соседите веднаш реагирале со две возила и пет пожарникари.

Според првичните сознанија, причина за пожарот  е неиспарвен кабел од електрична инсталација.

Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ од Велес изјави дека е направен увид од припадници на велешката полицијата кои работат на утврдување на причините за пожарот.