Пожар во куќа во велешко Којник

Во месноста Којник во Велес на ул. „Кирил Пејчиновиќ“ бр. 13, синоќа околу 21 часот  изгоре стар дел од куќа, пренесува МИА.
Во пожарот нема жртви и со навремена интервенција на соседите кои пријавиле во пожарната  и први интервенирале додека пристигнала екипа на   противпожарната единица,било спречено пожарот да се прошири на новиот дел од куќата и на околните куќи.
Според информацијата од ППЕ во Велес, пламенот преку керамидите излегувал доста високо и се заканувала опасност да бидат зафатени електричните кабли на бандерите на улицата.
Пожарникарите интервенирале со две возила и за кратко време огнот најпрво бил ставен под контрола,а потоа и изгаснат,некаде околу 23,30 часот.
Увид на лице место направила екипа на велешката полиција  која работи на утврдување на причините на пожарот и настанатата штета.